Почина Исуф Кадриу, беше уредник на Алсат и дописник на РСЕ

Новинарот Исуф Кадриу, дописник на Радио Слободна Европа (РСЕ) од Скопје, ненадејно почина во неделата на 52-годишна возраст.

Кадриу известуваше за РСЕ од Скопје од 2002 година и беше едно од најистакнатите имиња во редакцијата на Радио Слободна Европа.

Тој беше и заменикг лавен уредник во националната телевизија Алсат.

„Кадриу зад себе остави сопруга и три деца, но и неизбришливо наследство со неговата работа во РСЕ. Радио Слободна Европа изразува искрено сочувство до неговото семејство и пријателите“, се наведува во објавата од РСЕ.

Back to top button
Close