Почина Корнелије Ковач легендарниот композитор и основач на славната “Корни група“

Познатиот српски и југословенски музичар Корнелиe Ковач почина на 81-годишна возраст во Белград. Ковач беше пијанист и аранжер, а компонираше музика и за театар, филмови, телевизија и бројни популарни музичари и ансамбли.

Тој беше текстописец, композитор, продуцент, во областа на жанровите прогресивен рок, симфониски рок, џез-рок и класична музика.

Роден е во Ниш во 1942 година, а својата прва композиција „Пусти тротоари“ ја составил на 14-годишна возраст – во 1956 година. Станал член на популарниот сараевски рок-бенд „Индекси“ во 1966 година, а во 1968 година се преселил во Белград. Таму ја основал „Корни групата“, што 1974 година ја претставуваше Југославија на Евровизија

Соработуваше со Здравко Чолиќ, Мики Јевремовиќ, Лепа Брена, Неда Украден, Маја Оџаклиевска и многу други познати личности од овие простори.

Познат е по сингловите: „Северни ветар / Океан“ (1975 година), „Панорама / Александра“ (1978 година), „Квар / Жена“ (1979 година), како и албумите „Измеѓу светлости и таме“ (1977 година), „Why“ (1980 година), „Из другог филма“ (1982 година – филмска музика), „Самплд мунлајт“ (The Sampled Moonlight“ 1986 година), „Балкан“ (1993 година), „Корнелије Ковач“ (1994 година), „Moja генерација“ (1996 година).

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close