Почина Марјан Јованов – Мане, поранешен претседател на Одбојкарската федерација на Македонија

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен вчера во 18:15 часот, кога во базен во дворот од куќата било пронајдено безживотното тело на Јованов.
„На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден починат М.Ј.(58) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција“, соопштија од МВР.
Марјан Јованов беше еден од најпознатите македонски бизнисмени и долгогодишен дистрибутер на брендот „Левис“ во Македонија. Во јавноста беше познат и по тоа што беше обвинет во предметот „Шпански скали“, но во судската постапка доби ослободителна пресуда.






