Најпознатиот српски текстописец ги помина последните денови во КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде што беше префрлена затоа што и се слоши во вторникот, 14 септември, кога ја ставија на респиратор, и била позитивна на корона вирусот.
На почетокот на 2018 година, и бил дијагностициран малиген тумор на дојката, по што наскоро била оперирана.
Марина ја започнала својата кариера соработувајќи со групата Зана, за што го напиша хитот „Додирни ми колена“, кој беше објавен во 1982 година и веднаш стана хит. Инаку, таа соработува со музичарите од српското говорно подрачје. Таа е авторка на текстовите на Цеца, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Лепа Брена, Здравко Чолиќ, групата Зана, Тоше Проески, Џеј, Жељко Самарџиќ, Аца Лукас, Саша Матиќ …