Почина Миша Алексиќ: Басистот на „Рибља чорба“ почина од коронавирус

Басистот на рок групата „Рибја чорба“, Мирослав Миша Алексиќ, почина на 67-годишна возраст. Познатиот музичар ја загуби битката со коронавирусот. Миша Алексиќ се лекуваше во Клиничкиот болнички центар „Бежанијска коса“, а состојбата му се влоши и беше ставен на апарати за дишење.

Неговата ќерка Мина Алексиќ неодамна на Фејсбук напиша дека славниот басист добил ковид-19 и бил пренесен на респиратор.

Покрај тоа што беше басист на групата, Миша Алексиќ беше и текстописец и продуцент на албумите на „Рибjа чорба“, еден од најпопуларните рок бендови на овие простори.
За време на неговата кариера, тој исто така пишувал песни и продуцирал албуми за бројни други уметници и бендови.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close