Почина најмладата ќерка на Нелсон Мандела, амбасадорка на ЈАР во Данска

Зиндѕи Мандела (59), најмладата ќерка на прочуениот борец против апартхејдот и прв демократски избран претседател на Јужноафриканската Република Нелсон Мандела, почина утрово, во болница во Јоханесбург.

Таа моментно ја ја извршуваше функцијата амбасадор на Јужна Африка во Данска.

Причината за смртта, како што пренесува би-би-си, се уште не е објавена.

Ќерката на јужноафриканскиот лидер и борец против апартхејдот стана позната во 1985 година кога го прочита славното писмо на нејзиниот татко со кое тој ја отфрли понудата на властите за амнестија, под услов јавно да признае дека се повлекува од неговото „движење засновано на насилство“.

Зинѕи го прочита тоа писмо на масовен протест, настан што беше пренесуван на телевизија низ целиот свет.

Back to top button
Close