Почина Нина Спирова, легендарната пејачка на евергрините „Еден бакнеж“ и „Молчи, молчи“

Денеска на 82 годишна возраст почина доајенот на македонската забавна и народна музика Нина Спирова. Родена е на 26 октомрви 1938 година во Прилеп. Со нејзиниот милозвучен и моќен глас остави трајни вредности, музички записи на неколку забавни мелодии кои станаа евергрини, како и на бројни бисери на староградската македонска музика.

Нина во својата кариера има снимено голем број познати музички хитови, од страна на светски аранжери како и голем број на обработки на македонски народни песни. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо Чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди,зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“, нејзиниот незабравен евергрин „Еден бакнеж“ и многу други.

Back to top button
Close