Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад 

На 87 годишна возраст, вчера почина светски познатиот лекар и научник д-р Ферид Мурад, кој има потекло од гостиварско.

Медицина завршил во Кливленд, Охајо, а на истиот универзитет докторирал во 1965 г. За целиот свој работен век бил извонредно активен, секогаш жеден за нови информации од областа на медицината и пред се од областа на клиничката фармакологија ( за што добива и Нобелова награда ). Долги години работи како универзитетски професор, автор е на бројни трудови, авторски и коавторски пред се од областа на клиничката фармакологија.

Во 1998 година заедно со уште двајца научници Роберт Фечгот и Луис Игнаро ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина „за откривањето на улогата на азотен оксид како сигнална молекула во регулирањето на кардиоваскуларниот систем“.

Нобеловецот со своето семејство во 2018-та година беше во посета на Гостивар. Во негова чест општата болница во Гостивар е именувана „Д-р Ферид Мурад“

Back to top button
Close