Почина новинарот Предраг Димитровски

По кратко боледување почина новинарот Предраг Димитровски (64).

Димитровски беше новинар над 30 години. Беше главен уредник во весникот Вечер од 2005-2006 година, а потоа работеше во дневниот весник Дневник.

Последните години ги помина во Република и во Пресинг ТВ каде специјалност му беа теми позврзани со односите со Бугарија. Неговите колумни предизвикуваа големо влијание и беа меѓу најчитаните. Посебно беше горд на биографијата на Павел Шатев, на која активно работеше.

Back to top button
Close