Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села
Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден во предметот за „27 април“. Тој доби 13 години затвор за претепување на Зијадин Села, дело кое го негираше. Веста ја објави осудениот Горан Ангелов-Ќосето. Ѓорѓиевски бил и бранител од 2001 година.

Ѓорѓиевски беше обвинет и осуден како човек кој што му ги задал најтешките удари на Села. Во 2017 година, кога издржуваше притвор, Ѓорѓиевски беше претепан од група затвореници. Иако се жалеше на казната од Кривичен, Апелација му ги потврди 13-те години робија.
Пред Ѓорѓиевски, во февруари годинава, почина Игор Југ на 54 годишна возраст






