Почина пациентката со леукемија и ковид, за која немаше место на интензивна на Инфективна клиника
Почина пациентката со лимфоидна леукемија и ковид, која не беше хоспитализирана на Инфективната клиника, поради тоа што одделот за интензивна нега каде има 5 кревети се реновира.
Таа била хоспитализирана на Клиниката за хематологија, од каде побарале да биде пренесена на респиратор, ама на Инфективна клиника одделението за интензивна нега се реновира и известени биле дека немаат таква можност, пренесе Слободен печат.
Барале нејзина хоспитализација и на КАРИЛ, ама и таму немало изолирана просторија за ковид позитивни пациенти.
…