Почина пејачката Бони Поинтер

Родена е на 11 јули 1950 година, во Оукленд, Калифорнија, САД.

Бони, Анита, Рут и Џун, пред да станат славни 1970-тите, пееле заедно во црквата на својот татко во родниот град. Имаат освоено три музички Греми награди, од коишто една и за песната „Fairytale” од 1975 година, којашто ја напишале Бони и Анита.

Други попознати нивни хитови се „I’m So Excited” и „Jump (For My Love)”.

Бони ја напушти групата во 1977., па нејзината солокариера ја одбележа хитот „Heaven Must Have Sent You” од 1978 година.

Back to top button
Close