Почина Питер Брук, еден од највлијателните театарски режисери на 20. век

Питер Брук, еден од највлијателните театарски режисери на 20. век, почина во саботата на 98-годишна возраст, јавуваат западните медиуми.

Роден е во Лондон, Велика Британија, но голем дел од својата кариера го мина во Париз, Франција, каде што го раководеше театарот „Ле Буф ди Нор“ (Les Bouffes du Nord). На крајот на 1960-тите, по успесите со драмите на Шекспир и работата со великаните како Лоренс Оливие и Орсон Велс, Брук решил да дојде во Франција, каде што го почнал својот експериментален период обележан со тн. „теорија на празен простор”, со кој ѝ препушта поголем дел од имагинацијата на публиката…

Култниот уметник режираше повеќе од 100 претстави, а неговото можеби најпознато дело е „Махабхарата“ (1985), засновано на индискиот еп, кое трае девет часа.

Во Обединетото Кралство се врати 1990-тите, со „Прекрасни денови“ на Семјуел Бекет, па критичарите го поздравија како најживописниот режисер од Лондон. По 35 години во театарот „Буф ди Нор“, Питер Брук го напушта раководното место на театарот во 2010 година на 85-годишна возраст, но продолжи да режира – до неодамна.

 

Back to top button
Close