Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

По кратко и тешко боледување, попладнево во Скопје почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз (63).

По неколку дневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна болница во Скопје, Јонуз не успеа да ја добие најважната битка во својот живот.

Тој беше активен во политичкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на македонските телевизии.

Погребот на Агим Јонуз ќе биде утре на гробиштата во Бутел.

Back to top button
Close