Почина поранешната светска шампионка во бокс Оливерас
Поранешната боксерка Алехандра Оливерас, која освои четири светски титули во четири тежински категории, почина на 47-годишна возраст по мозочен удар, јавија денеска аргентинските медиуми.
Позната кај фановите како „Локомотора“ (Локомотива) поради нејзиниот бескомпромисниот офанзивен стил на борба, Оливерас беше хоспитализирана претходно овој месец во Санта Фе пред да почине во понеделникот.
Оливерас освои светски титули во супер бантам категорија, перолесна, лесна и велтер категорија за време на професионалната кариера што траеше 12 години.
Аргентинската боксерка победи во 33 борби, вклучувајќи 16 со нокаути, додека загуби три, пред да се повлече од рингот во 2017 година.
Градските власти на Санта Фе прогласија 72 часовна жалост по повод нејзината смрт, објавија локалните медиуми.ег