Почина поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање Драги Гроздановски

Почина Драги Гроздановски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање. Оваа функција тој ја извршуваше во два наврати – од март 2000 година до февруари 2002 година и од мај 2003 до септември 2004 година.

Гроздановски е и некогашен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на Собранието по осамостојувањето на Македонија.

Тој е роден 1957 година во Битола. Завршил правен факултет и бил претседавач на Советот на Општина Битола и истовремено координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Драги Гроздановски ќе биде погребан утре.

Извор: slobodenpecat.mk

Back to top button
Close