Почина поранешниот пратеник Благојче Трпевски

Почина поранешниот пратеник Благојче Трпевски (60). Веста на социјалните мрежи ја сподели екс премиерот – Димитар Ковачевски. Тој упати сочувство до неговото семејство и блиските.
Ковачевски истакна дека Трпевски ќе биде запаметен како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек, кој во текот на својата кариера оставил значаен придонес во јавниот живот.
„Денеска не напушти Благојче Трпевски кој ќе го паметиме како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек. Беше вистински професионалец и поранешен пратеник во Собранието, човек кој неуморно работеше на реализацијата на патниот Коридор 8 и на развојот на државата. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат трајно запаметени“ – напиша Ковачевски.
Семејството на Трпевски пред неколку години доживеа голема лична трагедии.
Неговиот син Јовица Трпевски (25) беше меѓу 13-те жртви во тешката сообраќајна несреќа со автобусот на „Дурмо турс“, што се случи во февруари 2019 година на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус со околу 50 патници излета од патот и се преврте.






