Почина поранешниот пратеник Тахир Хани
Синоќа почина активистот и политичар од Струга, Тахир Хани. Веста ја соопштија семејството и пријателите на починатиот.
Тахир Хани е роден на 15 декември 1961 година во струшкото село Велеште. За време на студиите на Универзитетот во Приштина во 1981 година, тој беше клучен член на Националното движење, како дел од демонстрациите во тој период. Потоа заедно со пријателите бил уапсен од УДБ-а одлежувајќи повеќегодишна затворска казна. Беше истакнат активист на Движењето.
Хани потоа дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.
Од 2001 до 2005 година бил градоначалник на општина Велешта. Во периодот 2006-2011 година беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 2011 до 2013 година беше заменик министер за транспорт и врски. Во 2013 година стана министер за локална самоуправа. Потоа продолжи со други активности во политиката, а на крајот беше заменик секретар на Владата на РСМ.