Почина познатиот бугарски кардиохирург Александар Чирков

Познатиот бугарски кардиохирург  Александар Чирков почина утрово во Варна на 82-годишна возраст, објавија бугарските медиуми.

Според медиумите, утрото во 3. 30 часот, во хотел во Варна му се слошило. Покачил температура, а состојбата продолжила да му се влошува. И покрај напорите на лекарите, починал кратко по тоа. Информациите говорат дека тој немал ковид-19.

Чирков ја изврши првата трансплантација на срце во Бугарија уште во 1986 година со што се здоби со популарност во светски рамки.

Back to top button
Close