Почина професорот Агни Алиу од Универзитетот на Југоисточна Европа

– Универзитетот во Југоисточна Европа (УЈИЕ) соопшти дека денеска почина Агни Алиу, професор на Факултетот за современи општествени науки.

-Професорот Агни Алиу е вработен на Универзитетот во Југоисточна Европа од 2003 година. Тој е автор на повеќе книги, научни трудови и истражувачки трудови објавени во национални и меѓународни научни списанија. Професорот Агни Алиу, од страна на студенти, колеги и соработници, ќе биде запамтен како неуморен, кооперативен и многу баран работник во својата научна работа, наведуваат од Универзитетот.

Од УЈИЕ информираат и дека ректорот Акад. Д-р Абдилменаф Беџети, во свое име и од име на раководството и вработените на Универизитетот до семејството на проф. Агни Алиу испрати сочувство.

Back to top button
Close