Почина рускиот космонаут Пољаков

Рускиот космонаут Валериј Пољаков, кој помина рекордни 437 денови во Вселената, почина на 80 години, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Пољаков, кој по професија беше лекар роден е во Тула на 27 април 1942 година. Тој како лекар работел во Московскиот институт за биомедицински проблеми, водечката советска институција за вселенска медицина.

Тој се приклучи на советската вселенска програма во раните 70-ти години од минатиот век. Како космонаут, тој летал до вселенската станица Мир во два наврати во 80-те и 90-те.

За време на вселенската мисија Сојуз ТМ-18 од 1994 до 1995 година, Пољаков во Вселената помина вкупно 437 дена, 17 часа и 58 минути. Тој сè уште го држи светскиот рекорд за најдолг престој во Вселената.

Во текот на својата кариера, Пољаков поминал повеќе од 678 дена на вселенската станица, вршејќи медицински експерименти и собирајќи податоци за влијанието на долгорочниот вселенски лет врз човечкото тело.

Меѓутоа, за разлика од повеќето негови колеги, тој никогаш не излегол надвор од станицата на вселенска прошетка.

Тој напиша повеќе од 50 научни трудови за вселенска медицина

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close