Почина Саша Поповиќ, основачот на „Гранд продукција“

Александар Саша Поповиќ, шоуменот и основач на „Гранд продукција“, денес, по кратко и тешко боледување, почина на 70-годишна возраст.

Во оваа прилика беше испратено и соопштение за медиумите:

„Со неискажлива тага ја информираме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера.

Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, емисиите и сето она што тој го создал. Наследството што го остави зад себе е немерливо и го одбележа времето во кое живеел.

Освен што беше визионер, Саша Поповиќ беше и семеен човек, сопруг и татко, кој својата најголема среќа ја наоѓаше во кругот на најблиските. Во брак со Сузана, со која сподели долгогодишна љубов и поддршка, ги одгледа своите деца Александра и Даниел, на кои им беше огромна потпора и столб.

Неговата харизма, неуморната работа и страста кон музиката и телевизијата ќе остават неизбришлива трага. Неговото наследство ќе живее преку сите кои имаа привилегија да работат со него и низ сите чии животи ги допре“.

Подоцна ќе се објават информациите за погребот

Нека почива во мир.

Back to top button
Close