Почина синот на Методија Андонов Ченто

На 92 години почина Илија Андонов-Ченто, син на Методија Андонов-Ченто и министер во првата влада на Република Македонија по нејзиното осамостојување.

Илија Андонов Ченто беше градежен инжeнер по професија и е запаметен по изградбата на браната Калиманци.

Тој беше најстариот син на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Посмртните останки на Илија Андонов Ченто утре во 14 часот ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во Скопје, а погребот ќе се изврши во 15 часот.

 

Back to top button
Close