Почина српската пејачка Мерима Његомир

Мерима Његомир е добитничка на голем број награди, меѓу кои можеби најважна е наградата Вук за придонес во српската култура, како и наградата на РТС Златен микрофон, Повелбата на Здружението на џез, поп и рок музичари, Специјалната награда на Радио Белград за придонес во зачувувањето на традиционалната народна музика, наградата Царица Теодора во 2002 година и други.

Во 2019 година, Здружението на естрадно музичките уметници на Србија ѝ ја додели наградата животно дело. Од 1979 година до денес, учествувала на над четириесет и пет музички фестивали и освоила повеќе од дваесет први награди.

Нејзини најголеми хитови „Иванова корита“, „Рузмарин“, „Због тебе“, „Што је лепо кад се неко воли“, „Опило нас вино“, „Зелене су очи твоје“, „Бол болујем“ и многу други.

Како уредник на народната редакција на РТС, таа беше посветена на проекти поврзани со снимање, зачувување и промоција на традиционалната српска музика.

Back to top button
Close