Почина Светлана Броз која тврдеше дека нејзиниот дедо ѝ го дал името на Македонија

Во Белград, на 70-годишна возраст почина Светлана Броз, внука на поранешниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито. Светлана била кардиолог, писател и активист за човекови права.

Нејзиното име во Македонија стана актуелно откаково во колумна за грчкиот веб сајт Екатимерини тврдеше дека нејзиниот дедо, како претседател на федерацијата Југославија и го дал името „Македонија“ на една од шесте републики.

„Иако мојот дедо, Јосип Броз Тито, го даде името„Македонија“ на една од шесте републики што ја сочинуваа Југославија, јасно е дека овој потег не беше наменет да создава иредентистички претензии кон соседните земји со кои Југославија разви пријателски односи и плодна соработка.

Светлана Броз тврди дека Македонците ги направиле сите останати идиоти со тоа што откако било прифатена привремената референца БЈРМ за влез во Обединетите нации продолжиле да го користат уставното име Македонија.

Исто така во последните декади имало зголемен број на користење на мапи со етничка или географска „Голема Македонија“ што претставувало ширење на национализам.

„Сакам да истакнам едно едноставно прашање: Ако на некого му презентирате мапа која го нарушува неговиот територијален интегритет, што би очекувале од него? Да ги прифати вашите предлози? Дали би било воопшто возможно, се запрашува Светлана.

Повеќе

Back to top button
Close