Почина Васил Рингов, едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот и поранешниот југословенски фудбал

На 70-годишна возраст почина Васил Рингов, едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот и поранешниот југословенски фудбал
Рингов беше поранешен македонски и југословенски репрезентативец, а најдлабока и најпрепознатлива трага остави настапувајќи во дресот на ФК Вардар. Во црвено-црниот дрес одигра повеќе од 200 натпревари и постигна 93 погодоци, со што засекогаш се вгради во клупската историја.
настапуваше и за Партизан, Динамо Загреб и германскиот Ајнтрахт Брауншвајг. На домашната сцена ги бранеше боите и на Тетекс и Беласица, каде што и ја започна својата фудбалска приказна.
Со заминувањето на Васил Рингов, македонскиот фудбал изгуби голем играч, репрезентативец и спортска легенда, чиј придонес и име ќе останат трајно запишани во спортската историја






