Почина велосипедист на булеварот под Кале – побегна возачот на „пасат“ кој го прегази
На скопскиот булевар „Гоце Делчев“, непосредно под тврдината Кале денеска згасна уште еден живот. Се случи тешка сообраќајна несреќа во која е прегазен маж на велосипед, кој почина на самото место.

Од МВР информираа дека возачот на автомобил марка „пасат“ кој удри во велосипедистот веднаш избега од местото на несреќата.
„Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот“ соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот






