Почина жена, врз неа паднала таванска конструкција

Вчера во ОВР Кичево било пријавено дека врз една жена паднала таванска конструкција при што таа починала.

„На 23.11.2022 година во 13:40 часот во ОВР Кичево пријавено е дека во куќа на улицата „Љубица Богеска“ во Кичево врз С.И.(66) од Кичево паднала таванска конструкција, по што таа починала на местото“, информира МВР.

Како што соопштија од полицијата, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на почината било дадено на обдукција.

Back to top button
Close