Почина жирафата Каспер во Скопје ЗОО
Почина 12 годишната жирафа Каспер, жител во Скопје ЗОО, информираат од Зоолошката градина.
„Со голема тага, неверување и скршени срца, ве известуваме дека нашиот Каспер утрово ненадејно не напушти
Жирафата Каспер имаше 12 години, а во Скопје ЗОО беше жител од 2012 година.
Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен
Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет
Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана.“- стои во нивната објава на фејсбук.