Починаа четири пациенти, 141 се новозаразени на 2.006 тестирања на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-19, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-16, Велес-2, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Радовиш-1, Пробиштип-2,Македонски Брод-2, Берово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Неготино-1.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од: Скопје-25, Штип-33, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-2, Битола-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Кичево-11.
Починати се четири пациенти, два пациенти од Скопје (54г. и 55г.), пациентка од Кавадарци (69г.), и пациент од Свети Николе (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Back to top button
Close