Починал од срцев удар бидејќи 43 болници одбиле да го хоспитализираат

Човек од Алабама починал како последица од срцев удар, откако 43 болници одбиле да го примат на одделение за интензивна нега, поради пополнет капацитет поради коронавирусот.

Кога Реј Демониja минатиот месец имал срцев удар, неговото семејство од Алабама со нетрпение чекалo некоја од околните болници која има слободно место да го прими на одделението за интензивна нега.

Но, во земјата каде што заболените со коронавирус и невакцинираните пациенти ги преплавиле болниците во последните месеци, пронаоѓањето достапен кревет за интензивна нега било вистински предизвик.

Беше толку тешко, напишало неговото семејство овој месец, што болницата во неговиот роден град Калман повика 43 други болници во три држави – и никој не можеше да ја обезбеди потребната нега.

Демонија, кој на крајот бил префрлен во болница во Мисисипи, починал на 1-ви септември, на 73-годишна возраст.

Неговата ќерка Равен Демонија за „Вашингтон пост“ изјавила дека било „шокантно“ кога на семејството му било кажано дека десетици оддели за интензивна нега не можат да го лекуваат нејзиниот татко.

„Во чест на Реј, ве молиме вакцинирајте се доколку не сте го направиле тоа сè уште, во обид да ги ослободите ресурсите за итни случаи што не се поврзани со коронавирусот“, рекло неговото семејство.

Back to top button
Close