Починал скопјанец откако паднал од кров од куќа

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во селото Ајватовци додека Ѓ.С.(73) од Скопје извршувал градежни работи на кров од куќа која е во сопственост на М.С.(72), паднал од кровот, при што починал на лице место.

Од МВР сопштија дека од итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Скопје и известен е трудов инспектор.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close