Починат 47-годишен српски државјанин пронајден во Катланово
Вчера околу 16:25 часот во селото Катланово бил пријавен смртен случај. Според информациите на МВР, починал М.П. (47) од Република Србија. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.