Починат маж пронајден кај лифт во објект на Бит Пазар
65-годишен маж од Скопје е пронајден починат во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје“, соопшти МВР.
Според информациите, починатиот претходно дошол во објектот во посета.„Во разговор со полициските службеници, вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети“, соопшти МВР.
Инцидентот се случил во делот кај лифтот, кој во тој момент не бил во функција.
„Откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. дека лифтот не работи, а симнувајќи се надолу слушнал дека се вклучил алармот од лифтот затоа што вратите од лифтот на сите катови биле отворени. После тоа, на приземјето во делот на лифтот го пронашол на подот А.С.“, соопшти МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, соопшти МВР






