Починат маж пронајден во центарот на Скопје – нема траги на насилствo
Мртво тело на маж било пронајдено во паркот спроти зградата на поранешна „Нова Македонија“ во центарот на Скопје.
Според МВР, станува збор за С.К. (50) од Скопје. Смртта ја констатирала екипа од Итната медицинска помош, а по извршен преглед не се забележани траги на насилство.
-На 22.07.2025 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во паркот наспроти зградата на поранешна „Нова Македонија” бил пронајден починат С.К.(50) од Скопје. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, соопштија од МВР.
Телото, по наредба на јавен обвинител, е дадено на обдукција. Настанот бил пријавен на 22 јули околу 17.25 часот