Починат маж пронајден во двор од семејна куќа, наредена обдукција

На 18 декември 2025 година околу 11:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево е пронајден починат А.Б. (64) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото на настанот и ја констатирал смртта.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел утврдување на точните причини за смртта.

Од МВР наведуваат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close