Починати двајца мажи во Тетовско, првичниот увид покажува природна смрт

Двајца мажи на возраст од 42 и 46 години биле најдени починати денеска во Тетовско, а по првичниот увид е утврдено дека починале по природен пат.

Во 11.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска“ во угостителски објект бил пронајден починат Б.И.(46) од Тетово.

-Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи. Телото на починатиот е предадено на семејството, соопшти СВР Тетово.

Во 12.57 часот во СВР Тетово е пријавено дека на пат од село Сараќино кон село Фалише бил пронајден починат Н.М.(42) од село Сараќино. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле полициски екипи

Back to top button
Close