Починати тројца пациенти од Ковид-19 во велешка болница

Починати се двајца пациенти позитивни на коронавирусот од Велес на 69 и 76 годишна возраст и едно лице од Свети Николе на 62 годишна возраст.

Во моментов во Општа болница Велес се лекуваат 55 пациенти од кои 41 позитивни, двајца сомнителни и 12 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-На кислородна поддршка се 27 пациенти. Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 34, на Интерно одделение осум и во Модуларна болница 13 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елеонора Јованова.

Во текот на денот испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Извор: duma.mk

Back to top button
Close