Починато 9-месечно бебе донесено во велешката болница

Во СВР Велес, од Општа болница Велес вчера утро во 8.30 часот било пријавено дека на Детското одделение било донесено починато деветмесечно бебе од село Сливник, Велешко, кое од претходно било со здравствени проблеми.

Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција

Back to top button
Close