Почна 40. издание на Скопскиот џез фестивал

Јубилејното издание на фестивалот ќе трае од до 24 октомври во салите на Националната опера и балет, во кино „Фросина“ и во МКЦ

 

Во Националната опера и балет вечерва почна јубилејното 40. издание на Скопскиот џез фестивал, со соло рецитал на саксофони на супер-херојот на скандинавската џез сцена, Матс Густафсон од Шведкса.

Веднаш по Густафсон, ќе настапи новата голема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О од САД.

FOTO: MIA

 

Годинешниов фестивал изобилува со богата програма, а во пресрет на јубилејот организиран е специјалниот проект „Ну Мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов.

Скопје џез фестивалот ќе трае од до 24 октомври во салите на Националната опера и балет, во кино „Фросина“ и во Младинскиот културен центар, каде што познати изведувачи од Европа, Куба и САД, како и од земјава, ќе одржат концерти во живо.

Back to top button
Close