Почна гласањето во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово

– Точно во 7 часот утрово, со примена на мерките за заштита на граѓаните од Ковид-19 почна излегувањето на гласачите на предвремените парламентарни избори во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Во општина Гевгелија гласањето се одвива на 37 избирачки места на кои своето демократско право може да го искористат 19.136 граѓани кои се евидентирани во единствениот гласачки список.

Граѓаните на општина Богданци денеска ќе се изјаснуваат на 12 избирачки места каде што право на глас имаат 6.706 граѓани. Во општина Валандово се гласа на 24 избирачки места со вкупно евидентирани 9.912 гласачи, а во најмалата општина на југоистокот, Дојран денеска право на глас имаат 2.684 граѓани кои ќе се изјаснуваат на осум избирачки места.

Гласањето почна навреме и се одвива во демократска атмосфера,без проблеми.

Back to top button
Close