Почна Лесновската ликовна колонија

Во Домот за култура „Злетовски рудар“- Пробиштип свечено е отворена 29-та меѓународна Лесновска ликовна колонија.

Градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов вели дека колонијата е во организација на Домот на културата „Злетовски рудар“, а  со поддршка од Министерството за култура и Општина Пробиштип.

Во наредните шест дена Лесново, Лесновскиот манастир, автентичните градби, кратерот, скитовите, пештерите ќе бидат инспирација за творење на уметниците Новица Трајковски, Тони Чатлески, Димитар Димитров, Душан Коцев, Киро Јосифов, Васил Гаврилов, Соња Р. Јовановска, Ѓоко Антониев, Дарко Заревски, Валентина Илиевска, Филип Добривоевски, Силвана Богатинова и Стефанија Ангеловска, рече Анастасов.

Тој на уметниците им посака лесно перо и убави дела. Делата создадени на Лесновската ликовна колонија публиката ќе може да ги види на изложбите кои ќе се организираат низ градовите во земјава. 

Back to top button
Close