Почна меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште 2021“

 Вкупно тринаест уметници се дел од традиционалната ликовна колонија „Ѓуриште 2021“. Уметниците, кои ќе творат во Свети Николе денеска ги прими градоначалникот, Сашо Велковски. Ликовната колонија е во организација на Дом на култура „Крсте Мисирков“ и Општина Свети Николе, а какошто вели Велковски денеска го означиле стартот на 16-та по ред ликовната колонија „Ѓуриште 2021“.

-И годинава колонијата има меѓународна димензија со учество на ликовни уметници не само од нашата држава, туку и од Србија и Црна Гора. Вкупно 13 уметници, наредните денови ќе творат на подрачјето на општина Свети Николе и зад себе ќе остават 26 ликовни творби кои јавноста може да ги види на изложбата организирана по повод денот на ослободувањето на Свети Николе 14-ти Септември, вели Велковски.

Back to top button
Close