Почна наплатата на двете нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип

Од денеска почнува наплатата на двете нови патарини, Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Штип. Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека на наплатните рампи ќе функционира електронскиот систем за наплата.

ЈПДП во четвртокот информираше дека првите две ленти ќе бидат за возилата кои користат М-таг електронски уред, додека останатите ќе се користат за наплата во готово

 

Ценовник по категории на возила:

Преод

 

1А Категорија – 40 денари

 

1Б Категорија – 70 денари

 

2-ра Категорија – 100 денари

 

3-та Категорија – 180 денари

 

4-та Категорија – 270 денари

 

КАДРИФАКОВО

 

1А Категорија – 30 денари

 

1Б Категорија – 50 денари

 

2-ра Категорија – 80 денари

 

3-та Категорија – 150 денари

 

4-та Категорија – 220 денари

Изградбата на двете патарини чинеше близу 5 милиони евра

 

 

Back to top button
Close