Почна нова рунда преговори за Брегзит меѓу Велика Британија и ЕУ
Велика Британија влезе во нова рунда преговори за трговските услови за Брегзит со ЕУ со цел да се постигне договор за новите правила што треба да ја регулираат трговската размена, што се проценува на околу илјада милијарди долари.
Иако Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари, досега не е направен значителен исчекор во трговските преговори, иако се приближува договорениот октомвриски рок за постигнување нов договор, со кој ќе се прекине посттранзицискиот период по Брегзит.
Во Лондон повеќе пати се потенцираше дека Велика Британија не се плаши од Брегзит без договор, но ЕУ предупреди дека Лондон со тоа си игра со својот меѓународен углед и ги загрозува трговските односи. сд/