Почна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје


Почна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка што ќе се одржи на 25 декември во Скопје, а на која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.

-Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада. Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители, селат од здружението за спорт и рекреација „Прв до врв” од Скопје, кое е организатор на трката.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката. сст/са/

Back to top button
Close