Почна процесот на ревитализација на НУБ „Свети Климент Охридски“

Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – трезорот на македонското минато и иднина, ќе се ревитализира согласно изготвен план од стручни лица, со цел вреаќање на достоинството на овој репрезентативен објект.

Како што информира на денешната прес – конференција министерката за култура Ирена Стефоска при посетата на НУБ „Свети Климент Охридски“ планот е изготвен од формирана специјална работна група за скенирање на состојбата во НУБ од сите аспекти, а архитекти и градежни инженери веќе направија проверка на проектот за санација на покривот и тој е одобрен. Се прави пресек, додаде таа, и на финансиско – нормативното работење на библиотеката. Отпочнат е и процес за прогасување на НУБ за Културно наследство во опасност, стратус кој ќе овозможи брзи интеревенции за негово зачувување и соодветно чување, а како што вели министерката Стефоска, се има предвид и важноста од вложување во стручен кадар, во опрема и за збогатување на библиотечниот фонд. 

-Процесот на враќање на достоинството на овој репрезентативен објект со бесценета содржина започна, Би сакала да истакнам дека НУБ не е само покривот и не се само новите столчиња. НУБ Св Климент Охридски е многу повеќе, НУБ е емоција.  Затоа ги повикувам сите општествено одговорни компании и поединци да ни се приклучат да бидат дел од онаа генерација која ја ревитализирала Националната и универзитетска бниблиотека, нема да сме првите во светот кои на ваков начин ги поткрепиле свои национални библиотеки. Веќе сме во разговори со одредени донатори зашто ова е голема работа и само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе, рече Стефоска.

На новинарско прашање зошто е оставена библиотеката ва ваква состојба, таа нагласи дека е тоа плод на повеќедецениска негрижа и зборува за сите нас, а во нејзиниот мандат рече со месеци работат на санација на библиотеката, на што треба поитно да се пристапи.

Back to top button
Close