Почна реконструкција на улицата „Народен фронт“, Богдановиќ апелира да се вози внимателно

 

Почна реконструкција на улицата „Народен фронт“ во Скопје, информира градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и апелира на поголема внимателност во сообраќајот додека траат градежните активности.

„Со реконструкцијата целосно ќе се уреди коловозот, на вкупна површина од 11.542 метри квадратни, а ќе бидат опфатени и трите краци помеѓу зградите. По целата должина на улицата ќе се реконструираат подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и ќе биде поставено ново енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Реконструкцијата ќе опфати и обнова на тротоарите, а ќе се воведе и резидентно паркирање за сите станарин. Апелирам до граѓаните во наредните недели да бидат повнимателни при движењето и одвивањето на сообраќајот додека траат градежните активности “,напиша Богдановиќ на Фејсбук.

 

Back to top button
Close