Почна реконструкцијата на објектите на Универзитетот „Мајка Тереза” во касарна „Илинден”
Во касарната „Илинден” во Скопје денеска почна реконструкцијата на објектите во кои ќе биде сместен Универзитетот „Мајка Тереза” (УМТ)
Изет Зеќири нов ректор на Универзитетот „Мајка Тереза”/Фото: МИА
Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Сопје, Изет Зеќири информира дека Универзитетот дозволата за реконструкција ја добил во мај, додека во ноември почнале да работат на елиминација на објектите кои се сметаа за руинирани. Тој потенцира дека УМТ ќе биде готов дури кога ќе се изгради новиот кампус, за што, како што најави, до 5 јануари 2023 година се очекува да биде завршен генералниот проект.
Обраќајќи се на настанот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакна дека иако се создаваат образовни институции, нивниот живот го одржуваат студентите и наставниот кадар на Универзитетот.
УМТ е формиран како важен Универзитет, бидејќи студентите на Универзитетот денес се дел од програмите на различни европски универзитети и пошироко во согласност со соработките што ги има Универзитетот, рече Шаќири.