Почна состанокот меѓу Лавров и Кулеба во Анталија (ФОТО)

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на нејзиниот профил на Телеграм објави фотографии од состанокот на шефовите на дипломатијата на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитри Кулеба.

На фотографиите може да се забележат делегациите на двете страни, а како медијатор и домаќин на состанокот се појави Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.

„Моите очекувања од средбата се мали. Ние сме за прекин на огнот и ослободување на нашите територии“, кажа Кулеба пред состанокот во Анталија.

Back to top button
Close